Технологија

Инвестирајте во решение за автоматизација на вашиот дом кое е во чекор со напредокот на технологијата.

Заштеда

Намалете ја потрошувачката на електрична енергија до 30%.

Безбедност

Заштитете го семејството од струен удар, пожар или поплава.

Заштита на уредите

Заштитете ги уредите и тие ќе ви траат подолго.

Најсовремено технолошко решение

Со користење на платформата IP Home добивате можност да го контролирате вашиот дом или објект 24/7 од секаде во светот, независно дали пристапувате од домашната интернет конекција или пак преку мобилен интернет

Нема потреба од дополнително ожичување или менување на постоечката електрична инсталација.

Нашата платформа е мултифункционална и дозволува интерактивна комуникација со сите останати паметни уреди: iPhone, iPad, Android телефони и таблети

Можност за автоматизација и доделување временски режим на работа:
- Сите светилки да се гасат по 24ч
- Греењето да се вклучува во 6ч

Заштеда

IP Home овозможува вклучување и исклучување на уредите за греењето и ладењето од мобилен доколку се користи индивидуален систем или пак преку електричен вентил доколку е централно греење или ладење.

Преку електричен вентил се исклучува и исклучува и водата што носи дополнителна финансиска заштеда како и заштита на природата од трошење на питка вода поради капење на чешмите.

Дополнителна заштеда претставува и вклучувањето и исклучувањето на бојлерот и сијалиците по потреба, како и можноста за вклучување на истите со тајмер од апликацијата.

Безбедностa на луѓето се зголемува преку:

- можност за поврзување со секаков вид сензори, против пожарни аларми, со што со секој сензор, па и најефтиниот жичен сензор за отворена врата од едно евро, се добива домашен алармен систем со известувања на вашите мобилни.

- исклучување и држење во исклучена состојба на сите утикачи за 220V во објектот, се вклучуваат само по потреба. Освен тие што мора да се вклучени нон стоп како што се утикачите на кои се вклучени фрижидерите. Ова е посебно важно за објекти каде има мали деца.

- можност за проверка и исклучување на шпоретот, утикачот за пегла од било каде, ако некој набрзина излезе од дома и заборави да ги исклучи или не знае дали ги исклучил, погледнува на својот мобилен и доколку се вклучени инсталациите кои водат до шпорет или пеглата, ги исклучува.

Безбедностa на уредите се зголемува преку:

- задоцнето вклучување на инсталациите при доаѓање на струјата- најголем број на дефекти на уредите се случуваат од пиковите во случај на снемување и доаѓање на струјата. Платформата ги вклучува инсталациите со задршка од неколку секунди, со што поминува пикот а уредите се безбедни.

- потполно исклучување на сите уреди наместо да седат во stand-by со што се продолжува животниот век на уредите.

Со користење на нашите системи ќе добиете зголемување на product life – cycle, односно ќе го продолжите животниот век на вашите апарати во домаќинството

Одржување на домот

Вклучето го наводнувањето на дворот додека сте на одмор.

Патувајте безгрижно

Итно тргнавте на пат а сте заборавиле да го исклучите светлото, со еден клик тој проблем е решен!

Заштедете пари

Намалете ги сметките и трошоците за поправка на уредите.

Спречете катастрофа

Заштитете го домот од пожар на електрична инсталација, поплава или кражба

Заштитете ја околината

Намалената потрошувачка на електрична енергија и вода придонесува за заштеда на природните ресурси.

Контрола на домот

Сакате да проверите кои уреди се вклучени и дали има проблеми со вашата електрична мрежа, имајте го тоа на дланка, на вашиот мобилен