Од идеја до производ

IP Home & Office е IT компанија специјализирана за развој на паметни решенија со примена на технологијата Internet of Things. За да ја подобриме ефикасноста и да ги зголемиме можностите при процесот на развој и имплементација на паметни решенија и услуги, се одлучивме да развиеме сопствена платформа за Internet of Things (Интернет на нештата). Платформата ќе овозможи развој на нови решенија, подобрување на постоечките решенија како што е решението за паметен дом (Smart Home), како и интеграција со други видови на IT решенија и услуги.

Единствени на пазарот нудиме можност за адаптација на постоечките уредите кон IoT платформата со што истите би се стекнале со интелигентна функционалност и би се поврзале на интернет. Оттука и доаѓа името на нашата компанија IP Home & Office.